Почеток МАКЕДОНИЈА(ФОТО) Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун

(ФОТО) Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Денеска (20.07.2025) околу 8 часот во Тетово полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода А.С.(45) од с.Горно Палчиште, о.Боговиње.

При контрола на патничко возило “ауди” со тетовски регистерски таблички, кое А.С. го управувал, пронајдени се 49 кутии со филтри за цигари, 70 штеки со по 10 кутии цигари, 19 машинки за полнење на цигари и 98 килограми дробен тутун. По документирање на случајот, против А.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 278 б и 279 од КЗ.

The post (ФОТО) Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа