Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава(Фото) Започна 21. издание на „Пиво Фест“ во Прилеп, вечерва ќе настапи Харис Џиновиќ

(Фото) Започна 21. издание на „Пиво Фест“ во Прилеп, вечерва ќе настапи Харис Џиновиќ

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во Прилеп синоќа започна Пиво Фестивал, кој ќе трае до недела. Вечерва ќе настапи Харис Џиновиќ.

Организаторите најавуваат денови исполнети со одлична музичка програма, вкусна скара и многу видови на ладно пиво.

„Овие три фестивалски денови носат повеќе од музика, пиво и скара – тие значат економски бенефит за градот, поддршка за локалните бизниси, нова енергија за угостителството и нова можност за Прилеп да блесне пред илјадници посетители.

Искрена благодарност до организаторите, до сите учесници и изведувачи кои со својата енергија ќе нè забавуваат и ќе придонесат овој фестивал да биде незаборавен!

Прилеп живее со овој фестивал, но и расте заедно со него,“ изјави градоначалникот Борче Јовчески.

Фото: Општина Прилеп

The post (Фото) Започна 21. издание на „Пиво Фест“ во Прилеп, вечерва ќе настапи Харис Џиновиќ appeared first on еМагазин.

Можно е и ова да ти се допаѓа