Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЖивот (ФОТО) За време на обраќањето на Доналд пред приврзаниците, Меланија Трамп носела комплет од Диор од 6.000 евра

(ФОТО) За време на обраќањето на Доналд пред приврзаниците, Меланија Трамп носела комплет од Диор од 6.000 евра

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

По победата, Доналд Трамп со сопругата Меланија Трамп и синот Ерик им се обратил на своите поддржувачи во Вест Палм Бич. Меланија е позната по својот едноставен стил и елеганција, а овој пат избрала сив комплет од францускиот бренд Диор.
Таа носела сива јакна која чини 4.000 евра и сиво здолниште кое чини 2.140 евра. Комбинацијата ја комплетирала со едноставна шминка и фризура со меки локни.
Трамп за време на својот говор и се заблагодарил на својата сопруга Меланија за поддршката и истакнал дека таа е многу важна во неговиот живот, а се заблагодарил и на своите деца кои му се важна поддршка.

За време на неговото обраќање, Меланија била исклучително добро расположена.
Познато е дека Меланија вчера на гласањето носела црно-бел фустан од Диор со туфни. Аутфитот го комплетирала со очила за сонце, а фустанот што го носела и е еден од омилените.

Во истиот фустан таа се појавила во телевизиско интервју за FoxNews во кое зборувала за своите мемоари „Меланија“. Нејзината облека добила неколку критики од следбениците на Твитер.
Диор е еден од нејзините омилени луксузни брендови, во кои комбинации често се појавува во јавноста.

Фото: Twitter

The post (ФОТО) За време на обраќањето на Доналд пред приврзаниците, Меланија Трамп носела комплет од Диор од 6.000 евра appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro