Почеток (ФОТО) Каде е Новак Ѓоковиќ и што прави по Вимблдон? Фотографија кружи на интернет…

(ФОТО) Каде е Новак Ѓоковиќ и што прави по Вимблдон? Фотографија кружи на интернет…

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Најдобриот светски тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ одмара по Вимблдон, а сега е познато и каде.
Новак Ѓоковиќ го заврши учеството на Вимблдон во полуфиналето, а многу брзо го напушти Лондон и отиде во Црна Гора.
Фотографија од тенискиот ас како лежерно шета низ Порта Монтенегро, во друштво на – се чини – татко му Срѓан Ѓоковиќ, кружи на социјалните мрежи.

Да потсетиме дека Ѓоковиќ изгуби 500 поени откако загуби од Јаник Синер во полуфиналето на Вимблдон, и сега е шестиот тенисер во светот со 4.130 поени.
Синер стигна до својата петта последователна победа против Ѓоковиќ и со тоа стана првиот тенисер по Рафаел Надал што го сторил тоа. Во исто време, тие двајцата се единствените.
Тој освои дури девет сета против Новак, надминувајќи го претходниот рекорд што го држеше Роџер Федерер.

Фото: Принтскрин/X

The post (ФОТО) Каде е Новак Ѓоковиќ и што прави по Вимблдон? Фотографија кружи на интернет… appeared first on ekran.