Почеток КУЛТУРАФОТО: Конзервација на Архајското богатство во Корошишта

ФОТО: Конзервација на Архајското богатство во Корошишта

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во тек е реализацијата на проектот за заштита и конзервација на музејскиот археолошки материјал од локалитетот Расница, с. Корошишта, Струга – место што минатата година го привлече вниманието на јавноста со епохалното откритие на архајска некропола, информираат од Археолошкиот музеј.

Меѓу највпечатливите наоди се: бронзен шлем со златни апликации, златен прстен, пекторал и фолии,  килибарни мониста, сребрен кантарос и бронзени садови (каулдрон, поданиптер, оинохое),  теракотни фигурини.

-Овие артефакти не само што ја потврдуваат датираноста на некрополата во архајскиот период, туку и ја поврзуваат со богатата култура на Требенишката некропола. По завршувањето на конзервацијата, наодите ќе бидат јавно презентирани во Археолошкиот музеј во Скопје. Проектот се реализира со соработка меѓу Археолошкиот музеј и Заводот за заштита на културното наследство и музеј од Охрид – уште еднаш потврдувајќи ја важноста на меѓуинституционалната соработка во заштитата на културното наследство, се вели во информацијата.

Тимот што работи на проектот: д-р Перо Арџанлиев, кустос советник, раководител на проектот; Билјана Балева, виш конзерватор; Емилија Димковска, виш конзерватор; Никола Патчев, виш конзерватор; Гордана Младеноска, конзерватор; Климент Балев, препаратор.

Можно е и ова да ти се допаѓа