Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИФОТО: Мател ја претстави Барби со дијабетес тип 1

ФОТО: Мател ја претстави Барби со дијабетес тип 1

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Производителот на играчки Мател, како дел од инклузивната линија Fashionistas, претстави кукла Барби која има дијабетес тип 1. Според нив, станува збор за кукла која има монитор за гликоза и инсулинска пумпа.

При дизајнирањето на новата Барби, која се продава за 10,99 американски долари, Мател соработуваше со водечката организација за дијабетес Breakthrough T1D за да се осигура дека медицинските уреди се точни, но секако сепак во препознатливата розова боја.

-Воведувањето на куклата Барби со дијабетес тип 1 означува важен чекор во нашата посветеност и претставување. Барби помага во обликувањето на раната перцепција на децата за светот, а со одразување на медицински состојби како дијабетес тип 1, ние осигуруваме дека повеќе деца можат да се видат себеси во приказните што ги замислуваат и куклите што ги сакаат, рече потпретседателката на компанијата Криста Бергер.

Новата Барби носи монитор за континуирано мерење на гликоза на раката, прикачен со ремен во облик на срце. Мал, нослив уред е поврзан со телефонот на Барби, кој прикажува апликација за следење на гликозата – паралела со вистинските носливи монитори кои ги следат нивоата на гликоза 24 часа на ден преку сензори под кожата.

Куклата има и инсулинска пумпа прикачена на половината која може да доставува инсулин по потреба. Инаку, инсулинските пумпите се алтернатива на традиционалните дневни инјекции што се користат за справување со оваа состојба.

Дијабетесот тип 1 е хронична, доживотна автоимуна болест која го спречува панкреасот да произведува инсулин за регулирање на шеќерот во крвта.

Барби со дијабетес тип 1 е облечена во син фустан со точки. Доаѓа со светло сини чевли и соодветна светло сина чанта, мобилен телефон и други додатоци.

Други кукли во линијата Fashionistas вклучуваат слепа Барби која носи бастун, Барби со Даунов синдром и Барби која користи инвалидска количка.

Можно е и ова да ти се допаѓа