Почеток (Фото) Мицкоски се сретна со Макрон во Будимпешта: Оптимист сум за европскиот пат на Македонија

(Фото) Мицкоски се сретна со Макрон во Будимпешта: Оптимист сум за европскиот пат на Македонија

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

На маргините на состанокот на Европската политичка заедница во Будимпешта, Унгарија, македонскиот премиер Христијан Мицкоски вчера имаше средба и со францускиот претседател Емануел Макрон.

Како што информираше самиот на социјалните мрежи средбата била продуктивна и со него отворено разговарале за одблокирањето на патот на Македонија кон Европската Унија.

Мицкоски по средбата вели дека е оптимист за нашата европска иднина.

„Се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива. Ќе дадеме се од себе да ги зачуваме државните и националните интереси„, напиша тој на Фејсбук.

Во видео-обраќање од таму тој информираше и дека имал и други билатерални средби.

„Со секоја средба се повеќе и повеќе се бориме за нашите аргументи и за вистината онаква каква што е. Онаа вистина што ја чувствуваат нашите граѓани и која е важна за Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за Македонија и во неделите, месеците, годините што следат. Мора да успееме, мора да бидеме таму каде што заслужуваме, а тоа е успешна европска приказна, а местото наше е во рамките на Европската Унија“, вели тој меѓудругото во обраќањето.

Во македонската делегација на состанокот беа и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија да го промени Уставот како што вети, порача идната еврокомесарка за проширување, Кос

Фото: Мицкоски/Фејсбук

The post (Фото) Мицкоски се сретна со Макрон во Будимпешта: Оптимист сум за европскиот пат на Македонија appeared first on еМагазин.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro