Моника Белучи на Инстаграм споделила фотографии направени пред неколку години на кои позира гола, воодушевувајќи многу обожаватели.
Во описот таа изјавила дека фотографиите ги направил Паоло Роверси и дека ова е нејзино прво позирање за октомвриските изданија на Vogue Italia. Објавата собра повеќе од 100.000 лајкови за само еден час. Во коментарите фановите го пофалиле нејзиниот изглед.
View this post on Instagram
„Најубавата жена на светот“, „Ти си дефиницијата за секси“, „Вечна убавина внатре и надвор“, се некои од нив.
Претходно во интервјуто споменала дека се помирила со стареењето и ја прифатила физичката трансформација. Многумина ја фалат поради нејзината одлука да старее достоинствено, а не како многу други ѕвезди да се одлучи за операција.
„Јас сум како сите други: си велам дека е бескорисно да се бориш против нешто што е помоќно од мене. Како што поминува времето, треба да бидеш среќна што се уште си тука“, рекла таа.
View this post on Instagram
Таа моментално е во врска со режисерот Тим Бартон. Тие го снимија филмот „Beetlejuice 2“ кој ќе излезе во септември оваа година. Двајцата се запознаа во 2006 година на Канскиот филмски фестивал и почнаа да се забавуваат минатата година.
Фото: Принтскрин/Instagram
The post (ФОТО) Моника Белучи се присетила кога позирала гола и предизвикала воодушевувањето кај обожавателите appeared first on ekran.