Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИ (ФОТО) На автопат во Америка: Како „Југо“ предизвикало носталгија на социјалните мрежи

(ФОТО) На автопат во Америка: Како „Југо“ предизвикало носталгија на социјалните мрежи

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Неодамнешната фотографија од автомобилот „Југо“ направена на автопат во Америка, предизвикала вистинска лавина од воодушевување на социјалните мрежи.
Натписот на регистрацијата, кој изгледал како шега, успеал да предизвика носталгични спомени кај многу корисници на Интернет.

На Фејсбук страницата Scenic Depictions of Slavic Life корисниците со воодушевување ја коментирале фотографијата, а регистарската табличка со натпис „bad car“ (лош автомобил) предизвикала дополнителни комични реакции кај следбениците.

Коментарите се ределе, а оние што се издвојувале биле од тоа дека „автомобилот сè уште може да се вози“, до носталгични потсетувања на „бесмртниот автомобил од Југославија“ и „мојот прв автомобил“.
„Немам возачка дозвола, но ако некогаш добијам, мојот автомобил ќе биде Југо“, напишал еден корисник, нагласувајќи го сентиментот што многумина го чувствуваат кон овој автомобил.

Иако можеби не може да се пофали со модерен дизајн или најнова технологија, Југото е запаметено како автомобил кој носи посебна приказна.

Фото: Принтскрин/Facebook

The post (ФОТО) На автопат во Америка: Како „Југо“ предизвикало носталгија на социјалните мрежи appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro