Почеток КУЛТУРАСцена (ФОТО) Од пресот на Марија Шерифовиќ во Скопје: „Доаѓам во ‘Борис Трајковски’ на луѓето да им ја поправам душата, да им го опоравам срцето, и да се потрудам тоа да им биде најубавиот концерт во животот“

(ФОТО) Од пресот на Марија Шерифовиќ во Скопје: „Доаѓам во ‘Борис Трајковски’ на луѓето да им ја поправам душата, да им го опоравам срцето, и да се потрудам тоа да им биде најубавиот концерт во животот“

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

По повод концертот на 2 ноември, во рамки на нејзината концертна турнеја „Долази љубав“, во скопската арена „Борис Трајковски“, Марија Шерифовиќ денес во хотел „Парк“ имаше средба со македонските новинари.
Едноставна како и секогаш Марија се присети на нејзиниот концерт на истото место но пред шест години:
„Поминаа шест години од мојот последен концерт во Скопје, во салата ‘Борис Трајковски’. Јас се сеќавам на тој концерт од 2018 година, мене толку не ми се пееше таа ноќ, толку бев нервозна. Едноставно, таков ми беше денот. Се сеќавам дека имав црни панталони, бела кошула, но, таков ми беше денот…Се до моментот кога излегов надвор и го слушнав сиот тој народ можеби малку и се исплашив. Се сеќавам на тој концерт дека навистина беше посебен и дека целата сала пееше на сиот глас. Се радувам на претстојниот концерт и нека биде еднакво добар како и претходниот.

Ако ме прашате: ‘Што може да очекува публиката во Скопје?’, навистина не знам што да ви одговорам. Како да знам? Многу фактори влијаат на тоа. Многу околности. Дали сум јас добро расположена, како спиев, каков е мојот приватен живот, на која нога сум станала, а потоа, кога ќе излезам на бината сето тоа нема никаква врска, бидејќи кога ќе ги видам сите тие луѓе, и кога ќе ја почувствувам љубовта што ми ја праќаат, тогаш сфаќам дека немам право да ми биде лошо. Немам право ништо да ми биде“, изјави Шерифовиќ на почетокот од прес-конференцијата.

„Моите колеги често зборуваат – ние ќе го направиме ова, е го направиме она…Тоа се глупости. Јас доаѓам во ‘Борис Трајковски’ на луѓето да им ја поправам душата, да им го опоравам срцето, и да се потрудам тоа да им биде најубавиот концерт во животот“, заклучи Марија Шерифовиќ.

Текст и фото: Екран.мк

The post (ФОТО) Од пресот на Марија Шерифовиќ во Скопје: „Доаѓам во ‘Борис Трајковски’ на луѓето да им ја поправам душата, да им го опоравам срцето, и да се потрудам тоа да им биде најубавиот концерт во животот“ appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro