Почеток (ФОТО) Отфрлени обвиненија -Руска манекенка лажно обвинила играч на Милан за силување, се соочува со две години затвор

(ФОТО) Отфрлени обвиненија -Руска манекенка лажно обвинила играч на Милан за силување, се соочува со две години затвор

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Руската манекенка Луиза Кремлев лажно го обвинила фудбалерот на Милан, Тео Хернандез, дека ја силувал, откако пред седум години изјавила дека ја нападнал пред ноќен клуб во Марбелја.
Кремлева го обвинила Хернандез за сексуален напад за време на ноќно излегување во Марбелја во 2017 година, а кажала и дека фудбалерот ја претепал кога одбила секс на паркингот пред клубот. Судот во Малага утврдил дека нејзините обвинувања се лажни, а сега и се заканува затвор за клевета и лажно сведочење.

Луиза, која се прослави откако глумела во неколку шпански телевизиски серии, наводно била уапсена во 2020 година откако не се појавила на суд по повеќекратните покани, а сега The Sun објави дека ќе и се суди за клевета.
Се испостави дека Русинката лажно ја прикажала и повредата на коленото, бидејќи за тоа го обвинила Хернандез, а со прегледување на снимките од надзорните камери било утврдено дека се повредила кога несакајќи паднала на паркингот.
Судот во Малага ги отфрли нејзините обвинувања за силување, а сега Луиза ја чека пресудата за клевета. Јавните обвинители во обвинението пред судење рекле дека предлагаат таа да добие двегодишна затворска казна заедно со парична казна од 15.000 евра доколку биде осудена.
Хернандез никогаш не негираше дека имал секс со манекенката таа вечер, но инсистираше на тоа дека сексот бил консензуален.

Фото: Принтскрин/монтажа/X

The post (ФОТО) Отфрлени обвиненија -Руска манекенка лажно обвинила играч на Милан за силување, се соочува со две години затвор appeared first on ekran.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro