Принцот Вилијам се потсетил на емотивен момент од детството што го споделил со принцот Хари и неговата мајка, покојната принцеза Дијана.
Ова е еден од ретките моменти Вилијам да зборува за својот брат, особено во последните неколку години.
Во претстојниот документарен филм на Принцот од Велс, со наслов „Принц Вилијам: Можеме да ставиме крај на бездомништвото“, Вилијам размислува за тоа кога неговата покојна мајка, принцезата Дијана, првпат го запознала со прашањето за бездомништвото, носејќи ги него и Хари во The Passage, британска добротворна организација која ги поддржува оние кои се изложени на ризик од бездомништво.
View this post on Instagram
– Мајка ми ме одведе мене и Хари до The Passage. Сигурно имав 11, можеби 10 во тоа време. Никогаш порано не сум бил на такво нешто и бев малку загрижен што да очекувам, вели Вилијам во клипот, за кој се верува дека е неговото прво јавно спомнување на Хари по години.
-Мајка ми се однесуваше нормално, насмеана и шегувајќи се со сите. Се сеќавам дека имав добри муабети, игравме шах, разговаравме и потоа ми текна дека има други луѓе кои немаат ист живот како тебе. Знаете, кога сте многу млади, едноставно мислите дека животот е она што го гледате пред вас и навистина немаш баш концепт да бараш на друго место. Тоа е кога запознаваш луѓе, како јас тогаш, кои ти ставаат поинаква перспектива во главата.
Во интервју за Newsweek во 2017 година, Хари исто така се отворил за своето искуство, велејќи:
– Мајка ми имаше огромнјо учество во тоа да ми го покаже обичниот живот, вклучително јас и брат ми да ги гледаме бездомниците. Фала му на Бога, не сум целосно отсечен од реалноста.
View this post on Instagram
Коментарите на Вилијам доаѓаат во услови на постојана тензија меѓу браќата. Се верува дека тензиите меѓу Хари и Вилијам наводно започнале во 2016 година, откако Вилијам изразил загриженост за тоа колку брзо Хари напредувал во врската со Меган Маркл. Хари и Меган објавија во 2020 година дека се повлекуваат од своите кралски улоги.
Последен пат браќата се појавија заедно во август на комеморацијата за нивниот вујко лорд Роберт Фелоус. Сепак, тие, наводно, таму не комуницирале. Извори претходно за People изјавиле дека обидите на Хари да се поврзе со Вилијам – преку пораки, повици и пораки – биле игнорирани.
Фото: Архива
The post (ФОТО) Принцот Вилијам се сетил на својата мајка, па го спомнал Хари: „Бев загрижен“ appeared first on ekran.