Почеток СВЕТ (ФОТО) Путин ја претстави замената на доларот – една банкнота за земјите членки на БРИКС

(ФОТО) Путин ја претстави замената на доларот – една банкнота за земјите членки на БРИКС

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Уделот на земјите од БРИКС во светската економија во однос на паритетот на куповната моќ самоуверено го надминува уделот на Г7, рече Путин на состанокот во проширен состав. Како што наведе, на крајот на оваа година тоа учество ќе изнесува 36,7 отсто.

Претседателот на Русија претстави единствена банкнота за земјите-членки на БРИКС, која „ќе стане замена за доларот“.

„Во иднина БРИКС може да изгради механизми за решавање на трговските спорови“, рече тој.

Според Путин, светската трговија и глобалната економија квалитативно се менуваат, а центрите на активност се свртуваат кон пазарите во развој.

Мултиполарниот модел овозможува нов бран на економски раст, рече рускиот претседател.

Тој посочи дека даночното оптоварување продолжува да расте во развиените земји и дека глобалната трговија се распарчува.

Рускиот лидер предупреди на опасност од нова криза во светот поради зголеменото даночно оптоварување во развиените земји.

– Земјите од БРИКС покажуваат издржливост благодарение на одговорната економска политика, рече тој.

Путин предложи формирање на нова инвестициска платформа БРИКС за поддршка на националните економии и земјите од глобалниот југ и исток.

Рече и дека Русија не се откажува од доларот, туку е принудена да најде алтернатива за него.

„Доларот навистина се користи како оружје и тоа е голема грешка“, рече тој.

 

Текстот (ФОТО) Путин ја претстави замената на доларот – една банкнота за земјите членки на БРИКС е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro