Францускиот премиер Франсоа Бајру вчера предупреди дека неговата земја е во „смртна опасност“ поради националниот долг, најавувајќи дека Франција мора да го намали својот буџет за 40 милијарди евра.
„Станавме зависни од јавните трошоци“, рече Бајру, додавајќи дека со секоја секунда што поминува, долгот на Франција се зголемува за 5.000 евра, објави „Фигаро“.
Тој истакна дека на годишно ниво, долгот на Франција се зголемува за повеќе од 150 милијарди евра и се приближува до бројката од околу 3,3 милијарди евра.
„Мораме да преземеме одговорност. Ова е последната станица пред амбисот“, рече тој.
Тој изјави дека Франција нема дефицит, туку едноставно долг. „Повеќе од 50 години, нашите јавни трошоци ги надминуваат приходите. Самиот дефицит не постои. Тоа е едноставно долг“, рече Бајру.
The post „Франција е во смртна опасност“ поради националниот долг appeared first on Локално.