Почеток СПОРТ Французите размислуваат за револуција: Шампион ќе се добива преку „фајнал-фор“?

Французите размислуваат за револуција: Шампион ќе се добива преку „фајнал-фор“?

Гол мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Француската фудбалска федерација сериозно разгледува опција за менување на форматот на Лига 1, пренесува „Л’Екип“. Наместо досегашниот класичен систем, би можел да се воведе „Фајнал фор“ – завршен турнир на кој би учествувале четирите најдобри екипи од регуларниот дел на сезоната.

Во полуфиналето би се сретнале првопласираниот со четвртопласираниот, а вториот со третиот. Победниците од тие дуели потоа би играле финале за титулата.

Идејата се разгледува како потенцијален начин за внесување повеќе неизвесност во првенството, со оглед на тоа што ПСЖ со години доминира и често без конкуренција ја освојува титулата. Со ваков формат, шансите за изненадувања и возбудувања би биле значително поголеми.

www.gol.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro