Почеток СПОРТФранцузите сепак се пресилни за македонските кошаркарски кадети на ЕМОФ

Французите сепак се пресилни за македонските кошаркарски кадети на ЕМОФ

sportplus.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Машката кошаркарска селекција на Македонија е шестата која денеска, на вториот ден на ЕМОФ, претрпе пораз.

Селекцијата на кошаркари до 16 години, беше убедливо надиграна од фаворизираната Франција со 55-89.

„Триколорите“ фаворитската улога ја потврдија уште во првото полувреме. Воведната четвртина ја добија со 11, а втората со 20 разлика, па на одмор веќе Македонија имаше негатива од 31 поен (23-54). Вториот дел беше само чиста формалност. Иако третиот период нашите кадети го добија (19-17), сепак тоа не беше доволно да се избегне поразот со 34 разлика.

Следете нé на социјалните мрежи

За Французите ова беше втора победа, а заедно со Турција овие две селекции си обезбедија полуфинале.

Македонија утре против Летонија ќе се обиде да ја впише првата победа, а со тоа да го избегне последното место оваа конкуренција.

Посетување дека покрај кошаркарите и кошаркарките денеска беа порозни. Исто поминаа и двете ракометни и одбојкарски репрезентации, па Македонија на осумте одиграни натпревари во колективните спортови има исто толку порази.

The post Французите сепак се пресилни за македонските кошаркарски кадети на ЕМОФ appeared first on Sport Plus Macedonia.

Можно е и ова да ти се допаѓа