Почеток МАКЕДОНИЈА Фрлена експлозивна направа во партиски клуб на ПЦЕР во Тетово

Фрлена експлозивна направа во партиски клуб на ПЦЕР во Тетово

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) – Самка Ибраимовски информираше дека била фрлена експлозивна направа во партиски клуб што се наоѓа на улицата Иво Лола Рибар во Тетово.

Во соопштението на ПЦЕР нема информации за повредени луѓе. Се вели дека има голема материјална штета.

„Би сакале да ја информираме јавноста дека на 21.10.2024 година беше фрлена експлозивна направа во клубот на ПЦЕР. Искршени се сите прозорци и е направена значителна штета од сето ова. Најостро го осудуваме овој чин на нетолеранција и не почит кон нас и кон Ромите од овој град и од целата држава. Ги повикуваме надлежните институции од Република Северна Македонија да го истражат случајот и навремено да постапат“, пишува Ибраимовски во соопштението до медиумите.

Текстот Фрлена експлозивна направа во партиски клуб на ПЦЕР во Тетово е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro