Почеток СПОРТФудбалер од Велс бил навредуван на расна основа од навивачи на Шкендија во Скопје

Фудбалер од Велс бил навредуван на расна основа од навивачи на Шкендија во Скопје

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Велшкиот клуб ТНС беше елиминиран по продолженија од Шкендија во првото квалификациско коло за Лигата на Шампионите. Сепак, тимот упати сериозни критики кон односот на навивачите на тетовскиот клуб, обвинувајќи ги за расизам. Клубот од Велс излезе со официјална реакција.

-„Тhe New Saints“ силно и недвосмислено го осудува расистичкото навредување упатено кон Арамиде Отех од страна на член на домашната публика по завршувањето на натпреварот од првото квалификациско коло на Лигата на шампионите против Шкендија.

 

Апсолутно нема место за расизам – ниту во фудбалот ниту во општеството. Сите во клубот му нудат целосна поддршка на Арамиде и цврсто стојат покрај него.

 

„Тhe New Saints“ се горди што ја поддржуваат кампањата #NoToRacism на УЕФА и остануваат посветени на промовирање на еднаквост, почит и инклузија и на теренот и надвор од него, стои во официјалниот став на велшкиот шампион.

УЕФА по прегледувањето на Извештајот од делегатот ќе одлучи дали да покрене дисциплинска постапка против шампионот на Македонија, за што во случај на докажан расизам сигурно ќе следи и жестока казна.

Шкендија го елиминираше ТНС со 2-1 и во следното квалификациско коло за пласман во ЛШ ќе игра против романски ФЦСБ.

The post Фудбалер од Велс бил навредуван на расна основа од навивачи на Шкендија во Скопје appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа