Почеток СПОРТФФМ со повик: Започна пријавувањето за младинските лиги за новата сезона

ФФМ со повик: Започна пријавувањето за младинските лиги за новата сезона

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и официјално го започна процесот на пријавување за учество во младинските натпреварувања за претстојната сезона 2025/2026.

Отворени се пријавите за следните категории:

  • Регионални лиги за петлиња (родени 2011 г.)
  • Регионални лиги за помлади петлиња (родени 2012 г.)
  • ФФМ Детски лиги (родени од 2013 до 2018 г.)

Рокот за пријавување за лигите за петлиња и помлади петлиња е 27 јули, додека за детските лиги е 6 август.

Фудбалската федерација на Македонија ги повикува сите заинтересирани клубови, вклучително и оние кои досега не учествувале, да се пријават навреме. Сите детали, рокови и начинот на пријавување можете да ги најдете во официјалното соопштение.

Прочитајте повеќе на официјалната страница на ФФМ: линк до соопштението

Можно е и ова да ти се допаѓа