Почеток Харис ветува крај на војната во Газа, Трамп „ново златно време“ на Америка

Харис ветува крај на војната во Газа, Трамп „ново златно време“ на Америка

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

На самиот крај од вжештените предизборни активности, кандидатите за нов американски претседател се борат за гласови во клучните држави, при што демократската кандидатка Камала Харис ветува крај на војната во Газа, а нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп – „Ново златно време“ на Америка.

Во државите во „нишање“, кои се сметаат за клучни за исходот на утрешните претседателски избори, потпретседателот и поранешен претседател на САД се обидуваат да ги убедат гласачите да гласаат за нив, зборувајќи за здравствената заштита, војната на Блискиот Исток и економските прашања.

Обраќајќи им се на гласачите на Државниот универзитет во Мичиген, Харис рече дека „ќе стори се што е во нејзина моќ за да се стави крај на војната во Газа“, објави Би-Би-Си.

Текстот Харис ветува крај на војната во Газа, Трамп „ново златно време“ на Америка е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro