Почеток СВЕТ Хорор во училиште во Суботица: Осмооделенец со нож рани соученичка на час

Хорор во училиште во Суботица: Осмооделенец со нож рани соученичка на час

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Ученик од осмо одделение во Суботица, на северот на Србија, за време на попладневна настава со нож повредил ученичка од истото одделение, јавија српските медиуми повикувајќи се на полицијата. Повредите на девојчето се санирани во болница и нејзиниот живот не е во животна опасност.

Според првичните информации, ученик од основното училиште „Сечењи Иштван“ во Суботица со нож  и нанел повреди на соученичката на рацете и нозете.

Брзата помош ја пренела повредената ученичка во болница во Суботица каде и биле санирани повредите. Малолетникот, ученик во осмо одделение, е приведен и ќе биде изведен пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Суботица.

The post Хорор во училиште во Суботица: Осмооделенец со нож рани соученичка на час appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro