Почеток ЕКОНОМИЈА Храната ќе продолжи да поевтинува поради намалување на цените во трговијата на големо

Храната ќе продолжи да поевтинува поради намалување на цените во трговијата на големо

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши рече дека во наредниот период заедно со бизнис-заедницата и со коморите ќе отвори и дијалог за подобрување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите со цел таа да отиде во вистинските раце, кај оние компании кои ќе покажат раст и развој.

-Додека од една страна спроведувавме мерки за поддршка на бизнисот, во исто време бевме соочени со зголемување на цените на мало. Во таа насока, прво донесовме одлука за замрзнување на маржите за училишниот прибор со што им излеговме во пресрет на домаќинствата кои имаат ученици со намалување на нивните трошоци за оваа намена, а секако во пресрет на почетокот на академската година со оваа мерка излеговме и во пресрет на студентите за трошоци за потребниот школски прибор. Но, не застанавме тука. Во услови на зголемени цени на храната, за да им излеземе во пресрет на граѓаните започнавме една акција, за којашто можеме да сведочиме дека е поздравена позитивно од страна на граѓаните, а тоа е „Помалку трошоци – повеќе за вас“. Ја објавивме есенската потрошувачка кошница и ги ограничивме маржите на 10% и во трговијата на големо и во трговијата на мало, на 73 групи на основни прехранбени производи, нешто што е многу важно за сите домаќинства. Оваа мерка ќе продолжи и во наредниот период како божиќна кошница, рамазанска кошница, велигденска кошница, сè со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните пред празниците кога има зголемување на цените на основните прехранбени производи“, истакна министерот Дурмиши.

Според анализите на Министерството за економија и труд, како што кажа Дурмиши, првичните анализи од терен, кажуваат дека цените на производите од есенската кошничка се намалиле во просек од 5% до 10%, при што кај некои производи намалувањето на цените е помало или воопшто и го нема (како на пр. лебот, маслото за јадење и млекото), додека кај други производи истото е значително поголемо (на пр. месо, зеленчук и млечни производи (сирење и кашкавал).

„Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо имајќи го предвид и намалувањето на цените во трговијата на големо, кое допрва треба да се случи во наредните пратки, при достава на производите во маркетите. Искажано во заштеда во пари за едно четиричлено семејство, на месечно ниво заштедата би изнесувала од 690 денари до 1360 денари по семејство, во зависност од начинот на исхрана, како и од изборот на маркети каде што таа се набавува. Во оваа насока е важно да се каже дека стапи на сила и Законот за нефер трговски практики со кој се ограничуваат рабатот и дополнителните трошоци за над 2.500 прехранбени производи, од што очекуваме дополнително намалување на цените на храната до крајот на овој месец“, додаде министерот.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro