Почеток СПОРТЦаке: Треба да излеземе и на терен да го прикажеме најдоброто

Цаке: Треба да излеземе и на терен да го прикажеме најдоброто

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Фудбалерите на тетовска Шкендија вечерва играат важен натпревар од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Македонскиот првак е домаќин на романскиот шампион ФЦСБ (поранешна Стеауа). Шкеднија во првото коло од квалификациите го мина ТНС од Велс, но новиот противник е екипа со голема традиција.

– Имавме тежок дуел со ТНС, но со пласман понатаму се е полесно, и поубвао. Наше е да излеземе на терен и да го дадеме најдоброто од нас. Околу проблемите на противникот за кои се пишува низ Романија, не гледаме на тие работи,  изјави Клинсман Цаке еден од најдобрите играчи на Шкендија на двомечот со ТНС.

Натпреварот меѓу Шкендија и ФЦСБ се игра вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ со почеток од 20  часот.    (МИА)

Можно е и ова да ти се допаѓа