
Цените на нафтата се искачија над 70 долари на меѓународните пазари во петокот, бидејќи инвеститорите стравуваат за снабдувањето од Русија по сигналот од Вашингтон за можни нови санкции што би се совпаднале со зголемената побарувачка во летната сезона на патувања.
На лондонскиот пазар, цената на барелот во попладневнот тргување беше за 1,48 долари повисока отколку на вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 70,12 долари. Вчера го затвори тргувањето со минус 1,55 долари.
На американскиот пазар, денеска со барел се тргуваше по цена од 1,63 долари повисока, од 68,20 долари. Вчера го затвори тргувањето со минус 1,81 долари.
Барелите за испорака во септември беа за 1,11 долари поскапи од оние за испорака во октомври по пладне, според Reuters.
Засебно Организацијата на земјите извознички на нафта (ОРЕС) денеска објави дека во четвртокот барелот од референтната кошничка нафта на нејзините членки поевтинил за 73 центи на 71,23 долари.
Трговците беа загрижени во четвртокот поради знаците на трговски конфликт меѓу Бразил и САД. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека може да воведе царина од 50 отсто за Бразил поради судењето на поранешниот претседател Жаир Болсонаро. Болсонаро е обвинет за заговор за спречување на новиот мандат на претседателот Игнасио Лула да Силва. Лула победи на реизборот пред три години и во средата посочи дека може да возврати на американските царини.
Трамп, пак, објави дека може да воведе царини за увоз на бакар, полупроводници и лекови. Американските претставници стравуваат дека царините би можеле да ги зголемат цените, па затоа само „неколку“ членови на Комитетот за монетарна политика на состанокот, според записникот, изјавија дека каматните стапки би можеле да се намалат уште во јули. Повисоките каматни стапки, инаку, ја попречуваат економската активност и побарувачката за нафта.
Трговците беа загрижени од сигналите од Вашингтон во петокот за можни нови санкции против Русија. Американскиот претседател најави „голема“ изјава за Русија за понеделник, а пазарите се нервозни поради можните нови санкции, објаснија аналитичарите на ING во белешка до клиентите.
Рамнотежата меѓу понудата и побарувачката може да биде потесна отколку што изгледа, предупреди одделно Меѓународната агенција за енергија (IEA), посочувајќи на врвот на летната сезона на патувања, што исто така го забрзува темпото на преработка во рафинериите.
Силна краткорочна побарувачка сигнализираа и извори кои велат дека Саудиска Арабија се подготвува да испорача околу 51 милион барели нафта во Кина во август, најмногу за повеќе од две години.
netpress.com.mk