Почеток Скопје Центар се ослободува од хаварисани возила

Центар се ослободува од хаварисани возила

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

– Со заедничката акција, која ја спроведуваме, досега од јавните површини се дислоцирани околу 40 возила. Сопствениците на хаварисани возила имаат одлична можност да се јават на бесплатниот број за да го пријават своето нерегистрирано или неисправно возило за да биде однесено во отпад, каде што ќе им биде проценето согласно со откупната цена за старо железо – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски

 

Граѓаните се приклучија на акцијата за бесплатно дислоцирање на хаварисаните возила од јавните површини, која Општина Центар веќе ја спроведува, во соработка со Пајак-службата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и со МВР.

Сопствениците на хаварисани возила може да се јават на телефонскиот број 076 350 767.

– Со заедничката акција, која ја спроведуваме, досега од јавните површини се дислоцирани околу 40 возила. Сопствениците на хаварисани возила имаат одлична можност да се јават на бесплатниот број за да го пријават своето нерегистрирано или неисправно возило за да биде однесено во отпад, каде што ќе им биде проценето согласно со откупната цена за старо железо. Затоа во оваа пригода ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и да помогнат во ослободувањето на јавните површини, тревниците, паркинг-местата и да ја променат сликата во Општината – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Општина Центар ги известува граѓаните дека Пајак- службата на ЈП ПОЦ бесплатно може да ги подига и возилата на приватен имот доколку има согласност од сопствениците или доколку бидат изнесени на јавна површина.

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro