Јован од Србија, кој моментално летува во Неои Порои, бил изненаден од понудата во бар на плажа.
– Лежалка, чадор, пијалок и храна за 5 евра. Знамињата на Грција и Србија се насекаде заедно. Црна Гора, срам да ти е! – напиша Јован во популарната Фејсбук група Грција инфо, со фотографија што потврдува сè.
Неговата објава брзо предизвика бројни коментари, при што многумина се согласија дека Грција е сè уште e најисплатливата опција за одмор.
– Исто е и во Паралија. Лежалка со пијалок е 5 евра – рече еден корисник, додека други додадоа дека, иако цените во Грција се малку повисоки отколку во претходните години, тие сепак се далеку пониски од оние во Црна Гора.
Во Рафаиловиќ, лежалки во првиот ред 25 евра! Десет проценти од луѓето се на лежалки, останатите лежат на пешкири затоа што никој не сака да плати толку многу – пишуваaт под објаваата
И покрај зголемувањето на цените низ цела Европа, Грција останува омилена меѓу српските туристи, додека Црна Гора очигледно ја губи битката поради нереално високите цени, пишува Дневно.хр
The post Црна Гора, срам да ти е …Србин во Грција бил шокиран од цените, еве што добил за 5 евра appeared first on Локално.