Почеток БАЛКАН Црногорскиот премиер: Сакам да ги поправам запоставените односи со Хрватска

Црногорскиот премиер: Сакам да ги поправам запоставените односи со Хрватска

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на разговор со претставникот на Хрватската граѓанска иницијатива Адријан Вуксановиќ во Собранието на Црна Гора изјави дека сака да ги подобри односите со Хрватска, кои, како што рече, биле запоставени.

Односите меѓу Црна Гора и Хрватска беа нарушени откако во јуни црногорскиот парламент усвои резолуција на предлог на Андрија Мандиќ за геноцидот во логорскиот систем Јасеновац и логорите Дахау и Маутхаузен. Таа резолуција ја поддржаа и дел од претставниците на движењето „Европа Сад“ на Спајиќ.

Таа резолуција претставува политичка реакција на резолуцијата за геноцидот во Сребреница, која беше поддржана од владата на Црна Гора во Обединетите нации.

Хрватска потоа испрати протестна нота до официјална Подгорица, предупредувајќи дека усвојувањето на таа резолуција може да го забави нејзиниот пат кон ЕУ.

 

 

Текстот Црногорскиот премиер: Сакам да ги поправам запоставените односи со Хрватска е превземен од МАКФАКС.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro