Повеќе европски фудбалски делегати, меѓу кои и првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин, го напуштија 75. Конгрес на Светската асоцијација (ФИФА) поради доцнењето на претседателот Џани Инфантино.
Инфантино доцнеше поради средбата со американскиот претседател Доналд Трамп на Блискиот исток, а неговото пристигнување во Парагвај беше одложено за неколку часови.
„Промените во распоредот кои дојдоа во последен момент одат само во корист на политичарите, а не во корист на фудбалот. Се чини дека ФИФА ги стави своите интереси во функција на нешто сосема друго“, стои во краткото соопштение.
На Конгресот во парагвајската престолнина Асунсион присуствуваа делегати од 210 национални федерации, а истиот започна со задоцнување од скоро три часа.
www.gol.mk