Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИХранаЧиа пудинг со свежи смокви

Чиа пудинг со свежи смокви

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Доколку барате балансиран, лесен и хранлив појадок кој ќе ве освежи и засити во исто време – чиа пудингот со свежи смокви е совршен избор. Овој едноставен оброк е идеален за летните утра, богат со растителни влакна, омега-3 масни киселини, антиоксиданси и природни шеќери. Смоквите, како сезонско овошје, му даваат слатка и ароматична нота која одлично се спојува со кремастата текстура на пудингот.

Состојки (за 2 порции):

4 лажици чиа семе
250 мл растително млеко (бадемово, кокосово, овесно или по желба)
1 лажица мед или јаворов сируп (по вкус)
1/2 лажичка екстракт од ванила
4–5 свежи смокви
Малку рендана кора од лимон (по желба)
Подготовка:
Во стаклен сад или тегла, измешајте го чиа семето со растителното млеко, медот и ванилата. Добро промешајте и оставете да отстои 10 минути. Потоа повторно промешајте за да не се создадат грутки.
Покријте и оставете во фрижидер најмалку 4 часа или преку ноќ.
Подготовка на смоквите:
Измијте ги свежите смокви, отстранете ги дршките и пресечете ги на половинки или четвртини. По желба, можете да сочувате неколку за декорација, а останатите да ги изблендирате во пире.

Сервирање:
Во чаши или тегли, прво ставете слој од пудингот, потоа наредете на зидовите од садот смокви, па наполнете од пирето од смокви и повторете со чиа пудигот. Украсете со свежи парчиња смокви и малку рендана кора од лимон за дополнителна свежина.
Пудингот најдобро се сервира ладен, наутро, како дел од здрав појадок или дури како лесен десерт.

Можно е и ова да ти се допаѓа