Доколку сакате да подготвите едноставна торта која е готова за краток временски период, идеален избор за тоа е чоколадниот чизкејк.
Овој колач се пече во тавче наполнето со вода, а за подготовка ви се потребни само три состојки.
Состојки:
225 гр.крем сирење
225 гр. чоколадо
пет јајца
Подготовка:
Растопете го чоколадото и измешајте го со крем сирењето. Одделете ги белките и жолчките, а жолчките една по една додајте ги во смесата со крем сирење и нежно измешајте. Изматете ги белките и додадете ги во смесата со жолчки.
Обложете калап од 16 сантиметри со хартија за печење од сите страни и фолија однадвор. Истурете ја смесата во калапот и печете на 175 степени 15 минути, па намалете на 160 степени и печете уште 15 минути.
Исклучете ја рерната и оставете ја тортата еден час, па декорирајте по желба.