Марија Шарапова и браќата Боб и Мајк Брајан беа избрани во тениската куќа на славните во Њупорт во класата 2025 година. Шарапова ќе биде првата тенисерка во Куќата на славните од 2020 година, кога таму беше примена Кончита Мартинез, шампионката на Вимблдон од 1994 година.
Шарапова освен на Вимблдон во 2004 година, таа триумфираше и на Австралија Опен во 2008 година, на Ролан Гарос во 2012 и 2014 година, како и на САД Опен во 2006 година и Олимпијада во Лондон 2012 година.
Браќата Брајан се најуспешните двојки во историјата на АТП со 119 титули помеѓу 1998 и 2020 година. Освоија 16 – грен-слем трофеи, а го имаат и таканаречениот Златен слем затоа што го освоија златниот олимписки медал во Лондон во 2012 година. Во 11 последователни сезони успеаја да освојат барем еден грен-слем трофеј, а во 2007 година беа дел од тимот на САД кој засега го освои последниот трофеј во Дејвис купот.