Почеток Шест студенти се удавија во рудник во Кина

Шест студенти се удавија во рудник во Кина

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Шест студенти од универзитет во Кина се удавија за време на екскурзија во рудник во регионот Внатрешна Монголија во северна Кина, објави Ројтерс.

Трагедијата се случила кога студенти од Универзитетот во Шенјанг паднале во флотациски базен во рудник за бакар и молибден откако безбедносните решетки попуштиле, соопшти „Жонѓин Голд“. Во несреќата бил повреден и еден професор.

Компанијата веднаш активирала план за вонредни состојби и ги известила надлежните локални власти за инцидентот, соопшти компанијата. Акциите на „Жонѓин Голд“ паднаа за повеќе од 5% во утринската трговија во Шангај откако веста се појави.

Производството во рудникот е запрено, објави денес „21st Century Business Herald“. Според професор на Универзитетот, ваквите посети се организираат со години и инцидентот бил сосема неочекуван. Универзитетот го испратил својот персонал на местото на настанот за да ја управува ситуацијата.

Фото: принтскрин

Текстот Шест студенти се удавија во рудник во Кина е превземен од МАКФАКС.