Почеток СПОРТШкендија минимално но заслужено славеше над Стеауа (ВИДЕО)

Шкендија минимално но заслужено славеше над Стеауа (ВИДЕО)

sportplus.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Екипата на Шкендија одигра меч без голови против романскиот ФСЦН (поранешна Стеауа). Првиот меч од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите одигран во Скопје заврши со пролетниот резултат 0-0.

Тетовци офанзивно го почнаа натпреварот и во воведните 10-тина минути создадоиа 2-3 шанси. Сепак недостасуваше завршницата, па резултатот остана почетниот 0-0. Во продолжението романската екипа беше онаа која ја контролираше играта., а Шкендија се обидуваше преку против напади. Но, сетоа тоа делуваше јалово па на полувреме се замина без постигнат гол.

Во вториот дел, гостите од Букурешт, кои ја имаат улогата на фаворит, создадоа неколку зрели шанси. Сепак, за среќа на макеоднскиот шампион, гостинските фудбалери немаа фалеше завршница, а на голот на тетовци беше и расположениот Гаје.

Супер шанса да го отвори резултатот и да и донесе водство на Шкендија, во 61.минута, имаше Тамба, но поуспешен од него беше голманот на ФСЦН. Затоа пак, во 65.минита, тоа му успеа на Јамајканецот, Роналдо Вебстер за голема радост и водство на тетовци со 1-0.

Само пет минути подоцна, Шкендија остана со играч помалку откако Џака заработи црвен картон. Во 79-тата и гостинскиот тим остана со десетмина, бидејќи Танасе заработи црвен картон.

До крајот на мечот немаше примена на резултатот па тетовци заслужено се радуваа на победата.

Реваншот во Букурешт е закажан за 30 јули (среда) во терминот од 19.30 часот.

The post Шкендија минимално но заслужено славеше над Стеауа (ВИДЕО) appeared first on Sport Plus Macedonia.

Можно е и ова да ти се допаѓа