Македонскиот првак тетовска Шкендија вечерва ќе го игра третиот натпревар во квалификациите за Лигата на шампионите.
Тетовци кои во првата рунда го минаа велшкиот ТНС, во втората за против романската екипа ФЦСБ (поранешна Стеауа).
За разлика од претходниот противник, романскиот тим е далеку поквалитетен и со поголемо реноме и традиција на настапи во европските купови.
Свесни се избраниците на Јетон Беќири дека задачата е многу потешка од првата, но сепак веруваат дека можат да остварат позитивен резултат со кој би патувале на реваншот во Букурешт.
ФЦСБ е фаворит, сериозен тим кој има добра историја, поранешен освојувач на Лигата на шампионите.
Не може да се пофалиме како противникот, но ние сме Шкендија и ќе се обидеме да одговориме на ниво за овие натпревари.
Ова е голем меч, меч за престиж.
Нема да влеземе да уживаме, туку да извадиме најдоброто од нас, а дали е тоа доволно, ќе видиме“, изјави Беќири.
Првиот, денешен дуел, ќе се одигра во Скопје на арената „Тодор Проевски“ со почеток од 20 часот. Дуелот може да го следите низ директен ТВ пренос на МРТ3 (овде).
Реваншот во Романија закажан за 30 јули во терминот од 19.30 часот.
The post Шкендија против поранешна Стеауа (ФЦСБ) во дуел од Лигата на шампионите appeared first on Sport Plus Macedonia.