Почеток СПОРТШкендија со голем пресврт го победи Лудогорец (ВИДЕО)

Шкендија со голем пресврт го победи Лудогорец (ВИДЕО)

sportplus.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Македонскиот првак Шкендија го продолжи својот фантастичен настап на европската сцена.

Тетовци со голем пресврт го победија бугарскиот Лудогорец во првиот меч од плеј-офот за Лигата на Европа. На Арената „Тодор Проевски“ во Скопје, Шкендија иако губеше со 0-1, на крајот славеше победа со 2-1.

Натпреварот лошо започна за макеоднскиот шампион. Гостите во 18.минута преку Дерој Дуарте поведоа со 0-1.

Сепак тоа не ги поколеба избраниците на Беќири па во продолжение Шкендија беше онаа која го диктираше темпото.

Сепак, израмнувањето стигна од прекин. Во 35.минута Лиридон Латифи со прекрасно изведен слободен удар од повеќе од 30 метри го совлада гостинскиот голман и израмни на 1-1.

Голови од натпреварот / Во соработка со Мак-фудбал

И во вториот дел тетовци продолжија во ист ритам. Тоа донесе резултат во 60.минута кога Бесарт Ибраими ја затресе мрежата на Лудогорец за водство од 2-1 за Шкендија.

Гостите од Бугарија имаа голема можност за израмнување во 74.минута, но голманот на Шкендија, Гаје одлично интервенираше. Голманот од Гамбија беше на висината на задачата и во последната минута, па спаси израмнување, а Шкендија се радуваше на победа.

Реванш дуелот ќе се игра по седум дена (четврток, 28 август) во терминот од 18.30 часот.

Следете нé на социјалните мрежи

The post Шкендија со голем пресврт го победи Лудогорец (ВИДЕО) appeared first on Sport Plus Macedonia.

Можно е и ова да ти се допаѓа