Станува збор за Рубен Гарабаја Аренас, кој со Пелистер потпиша договор за идната сезона, со можност за продолжување и во наредните години доколку и двете страни се задоволни од соработката.
46 годишниот Гарабаја има одлична играчка кариера зад себе, со бројни медали и ракометни достигнувања. Тој за шпанската репрезентација има настапено 168 пати во кои има постигнато 318 голови, на позиција кружен напаѓач.
Со репрезентацијата ја има освоено светската титула во Тунис 2005 година, сребро од Европскиот шампионат во Швајцарија следната година, бронза од Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и Мундијалот во Шведска во 2011 година.
Гарабаја во Еурофарм Пелистер доаѓа од Астурија, а како тренер ја започна својата кариера во Логроњо во 2018 година. Потоа три години работеше за Натурхаус Ла Риоха, по што го прифати првиот меѓународен предизвик како селектор на женската репрезентација на Кина.