Почеток СПОРТШпанија е светски првак во ватерполо

Шпанија е светски првак во ватерполо

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Ватерполо репрезентацијата на Шпанија ја освои титулата на Светското првенство во Сингапур. Шпанците во финалето ја победија Унгарија со 15:13 (5:5, 2:1, 2:4, 6:2) и ги обединија европската и светската титула. „Црвената фурија“ четврти пат во историјата стана светски првак, на вечната листа се изедначи со Унгарија и Италија.

Шпанците од стратот ја презедоа контролата водеа со 2:0 и 3:1. Од тој момент Унгарците фатија приклучок и успеаја да изборат егал (5:5) по првиот период. Во вториот голманите беа расположени, беа постигнати вкупно три гола. Шпанците на полувремето имаа гол предност (7:6).

Во третата четвртина Унгарците успеаја да го наметнат својот стил, со серија од три гола го презедоа водството, а потоа стекнаа и предност од два гола. Во решевачкиот период Унгарија влезе со гол предност (10:9).

Четврттата четвртина донесе рапсодија на Шпанците, постигнаа четири гол, ја вратија предноста на своја страна, а кога со голот од 10 метри на Лара дојдоа до 14:11 беше јасно дека ќе ја освојат титулата.

Голманот Агире забележа 11 одбрани, а во нападот блескаа Снахуја и Гранадос со по пет гола.

Бронзата на Светското првенство ја освои Грција, а од четвртотот до осмото место се пласираа: Србија, Хрватска, Црна Гора, Италија и САД.

Foto/ EPA

Текстот Шпанија е светски првак во ватерполо е превземен од МАКФАКС.

Можно е и ова да ти се допаѓа