Почеток СПОРТШпанија противник на Англија во финалето на ЕП за фудбалерки

Шпанија противник на Англија во финалето на ЕП за фудбалерки

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Шпанската женска фудбалска репрезентација синоќа ја победи Германија со 1:0 во продолжение во полуфиналето на Европското првенство 2025.

Основните 90 минути завршија нерешено без голови. Единствениот гол го постигна Аитана Бонмати во 113. минута.

Во финалето на Евро 2025, репрезентацијата на Шпанија ќе игра против Англија. Натпреварот ќе се одржи на 27 јули.

Англија во вторникот ја победи Италија со 2:1, исто така по продолженија.

Финалето на Евро 2025 ќе се одржи на стадионот „Летцигрунд“ во Цирих со почеток во 18 часо.

Можно е и ова да ти се допаѓа