И додека јавноста се прашува дали станува збор за вистинска врска или само за паметен маркетиншки трик пред објавувањето на нивниот заеднички филм, Памела Андерсон и Лиам Нисон остануваат резервирани, но не кријат колку се блиски, барем како пријатели.
Она што сигурно ги поврзува, е родителството. И двајцата се самохрани родители кои низ годините поминале низ бројни предизвици растејќи ги своите синови далеку од јавноста.
Памела Андерсон има два сина со својот поранешен сопруг, тапанарот Томи Ли , Брендон (28) и Дилан (27). Нисон пак, беше сам по смртта на неговата сопруга, актерката Наташа Ричардсон, во 2009 година, кога нивните синови Мајкл и Даниел имаа само 13 и 12 години.
Актерот и неговите синови денес се уште се многу блиски, и често можат да се видат заедно на хокеарски натпревари и семејни собири. Мајкл и Лиам дури и глумеа заедно во филмот „Спомени од Италија“, каде што играа,татко и син.
Памела неодамна проговори и за тешкотијата во одгледувањето на децата под рефлекторите, признавајќи дека морала да ги моли своите синови за прошка за начинот на кој била сексуализирана за време на нејзината кариера.
„Кога имате две деца во оваа индустрија, сфаќате колку сето тоа влијае врз нив, дури и ако мислите дека се премногу мали за да разберат. Тие го носат тоа со себе. Не постои совршен начин да се биде родител, едноставно правите најдобро што можете“, рече Андерсон за време на промоцијата на филмот „Last Showgirl“, за кој беше номинирана за Златен глобус.
Секогаш со моите синови
Во интервјуата , таа кажува дека никогаш немала дадилка и дека за нејзините синови се грижеле исклучиво членови на семејството.
Од почетокот на снимањето на новиот „Гол пиштол“, хемијата меѓу Памела и Лиам не остана незабележана, ниту меѓу колегите, ниту меѓу фановите. Нисон не го криеше своето восхитување од својата колешка:
„Памела е прекрасна. Таа доаѓа, ја завршува работата, нема его, забавна е и едноставна. Одлично е да се работи со неа“, рече тој во интервју за „People“.
Памела им возврати на комплиментите: „Постои длабока почит меѓу нас. Се поврзавме преку нашата љубов кон литературата и добриот хумор. Редовно му оставав домашни колачи и леб во плакарот“, откри таа.
Сепак, кога позираше за дигиталната насловна страница на списанието Entertainment Weekl, минатата недела, Андерсон стави до знаење дека романтичните искри сепак не прераснале во врска. „Мислам дека во Лиам најдов пријател за цел живот. Поврзани сме на искрен и нежен начин, тој е добар човек“, рече таа.
The post Што всушност ги спои Лиам Нисон и Памела Андерсон? Сите зборуваат за едно нешто! appeared first on Локално.