Почеток МАКЕДОНИЈАШукова: Верувам дека политичките битки и поделби никогаш повеќе не смеат да бидат на штета на скопјани

Шукова: Верувам дека политичките битки и поделби никогаш повеќе не смеат да бидат на штета на скопјани

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Скопје може и мора да биде град за луѓето — чист, уреден, сообраќајно среден, зелен и безбеден. Ова го кажа потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова на својата прва прес-конфренција, откако вчера попладне претседателот на партијата, Венко Филипче соопшти дека таа ќе биде нивниот кандидат за градоначалник на Скопје на престојните локални избори во октомври.

„Денес стојам пред вас со силно чувство на чест, но и со голема одговорност. Ви благодарам на сите кои изминатите денови ми дадовте доверба и поддршка да бидам кандидат за градоначалничка на градот во кој сум родена, порасната, каде го формирав своето семејство и кој го сакам со сето срце. Ви благодарам што верувате дека можам да го водам Скопје“, рече таа на почетокот на прес-конференцијата.

Таа во своето обраќање се осврна на три теми, од кои првата беше пораката дека се кандидира да биде градоначалник на сите скопјани, потоа зборуваш за состојбите во градот за време на актуелната администрација, а потоа по точки ја изложи својата визија за главниот град и кои ќе бидат нејзините приоритети.

„Независно дали сте поддржувачи на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ, на некоја трета партија или на ниту една, за мене сите граѓани се еднакво важни. Јас тоа го покажав и со пристапот кон секој поединец во текот на мојата професионална кариера. Верувам дека политичките битки и поделби никогаш повеќе не смеат да бидат на штета на скопјани. Дека токму политичката алчност, бизнис и личните интереси на оваа власт, како и длабоката партизација на градот во изминатите четири години го донесе онаму каде што е денес, на своето историско дно во однос на развој, изглед и функционалност“, рече Шукова.

Во таа насока, кандидатката на СДСМ за градоначалник на Скопје порача дека ако ја добие поддршката на жителите на Скопје, ќе докаже дека Градот е над политиката.

Во однос на актуелната состојба, таа кажа дека изминатите четири години со ВМРО-ДПМНЕ граѓаните виделе што значи безредие, неодговорност и непочитување на граѓаните.

„Скопје никогаш помалку не им припаѓал на скопјани. Скопје е украден град, ставен во заложништво за сопствени интереси. Го уништија за политички да се пресметуваат со сопствениот градоначалник. Денес, секоја улица сведочи за нивниот неуспех. И нема да дозволиме тоа да се повтори. Скопје ја преживеа својата трета катастрофа после палењето на градот од страна на Пиколомини и земјотресот од 1963 година“, рече Шукова.

The post Шукова: Верувам дека политичките битки и поделби никогаш повеќе не смеат да бидат на штета на скопјани appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа