Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабаваЃоковиќ се повлече, Синер и Алкараз донесоа иста одлука

Ѓоковиќ се повлече, Синер и Алкараз донесоа иста одлука

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Светскиот тениски рекет број еден, Италијанецот Јаник Синер, и Србинот Новак Ѓоковиќ се повлекоа од настапот на турнирот во Торонто, бидејќи сè уште закрепнуваат по Вимблдон. Британецот Џек Дрејпер, исто така, се откажа поради повреда, објавија организаторите на турнирот, на социјалната мрежа X.

Ѓоковиќ е четирикратен шампион на турнирот во Канада, а последната титула ја освои во 2016 година. Последен пат играше во Канада во 2018 година, кога беше елиминиран во третото коло. Покрај титулите во 2007, 2011, 2012 и во 2016 година, тој играше во уште едно полуфинале и во две четврт-финалиња.

Според шпанска „Марка“, и вториот светски рекет, Карлос Алкараз, нема да патува во Канада. Следниот турнир за него ќе биде во Синсинати, кој е закажан од 7 до 18 август. Со тоа, ќе го пропушти турнирот во Торонто втора година по ред. Тој играше двапати  на турнирот во Торонто и стигна до второто коло во 2022 година, додека една сезона подоцна беше елиминиран во четврт-финалето.

Мастерсот во Торонто ќе се игра од 27 јули до 7 август.

The post Ѓоковиќ се повлече, Синер и Алкараз донесоа иста одлука appeared first on Вечер …1963 | Vecer MK.

Можно е и ова да ти се допаѓа