Почеток МАКЕДОНИЈАЃорчев од Демир Капија: Подготовки за победа и нови проекти

Ѓорчев од Демир Капија: Подготовки за победа и нови проекти

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Поздрав од Демир Капија каде што имаме денес агенда на посети на повеќе села во општината Демир Капија и тука во самиот ОК. Добра атмосфера и позитивна атмосфера, истакна Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Се подготвуваме за локалните избори, ја подготвуваме и нашата програма за локалните избори, која што нема само да биде изборна програма, туку и програма на Наталија која што ќе биде иден градоначалник на општина Демир Капија.Тука во Демир Капија веќе неколку изборни циклуси победуваме и не само што победуваме, туку победуваме и убедливо. Така што, за три месеци ќе го повториме тој резултат, а после тоа со силна поддршка од Владата на Македонија, со силна поддршка од премиерот Христијан Мицкоски, заедно со локалната самоуправа, општина Демир Капија ќе оди напред. Заеднички, порача Ѓорчев.

Можно е и ова да ти се допаѓа