Почеток Скопје Ѓорѓиевски доби благодарница за посебен придонес кон лицата со попреченост

Ѓорѓиевски доби благодарница за посебен придонес кон лицата со попреченост

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски доби благодарница за посебен придонес во развојот на едукацијата и рехабилитацијата на лицата со попреченост од Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Македонија. Благодарницата му беше доделена на конференцијата со која се одбележува 75 години на организирана едукација, рехабилитација и вработување на лица со попреченост во нашата земја.

– Вашето признание е потврда дека посветената работа и вложените напори се вреднувани и забележани. Ова признание ја носи со себе не само мојата лична гордост, туку и гордоста на целата Општина Кисела Вода и нејзината посветеност кон ранливите категории на граѓани, особено децата и лицата со пречки во развојот. Кисела Вода е препознатлива како општина која активно вложува и работи на создавање подобри услови за живеење на овие категории. Горди сме што реализиравме низа проекти и мерки кои го подобрија секојдневието на лицата со попреченост – истакна Ѓорѓиевски.

Меѓу најзначајните иницијативи тој ја посочи отворањето на дневниот окупационен центар, во соработка со невладината организација „Крик”, збогатувањето на библиотеката на децата со оштетен вид од ДУРМДОВ „Димитар Влахов” со книги напишани со Брајово писмо, потоа учеството на децата со попреченост во сите културни настани на општината, неколкудневниот фестивал на инклузија со цел подигнување на свеста за ова општествено прашање.

– Во основните училишта во општината, опремивме сензорни соби, со што овозможивме учениците со различни потреби да ја добијат потребната поддршка. Во зградата на општината обележавме патеки за слепи лица, што сведочи за нашата решителност за создавање инклузивно општинско опкружување. Посебно сум горд на фактот што во општинската администрација имаме вработено лица со Даунов синдром и со попречен вид. Ова е пример за вистинска инклузија и докажува дека сите заслужуваат еднаква шанса и еднакво придонесуваат кон општеството – потенцираше Ѓорѓиевски.

Тој информираше дека годинава, за прв пат, со  поддршка од него и од Општина Кисел Вода, е реализирана инклузивната претстава „Малиот принц“, во која што учествуваа лица со церебрална парализа, а оваа година Кисела Вода беше и домаќин на логопедско-дефектолошкиот конгрес.

– Ние не застануваме тука. Продолжуваме да соработуваме со институциите, невладините организации и сите заинтересирани страни за подобра иднина на лицата со попреченост. Досега имаме бројни предавања, трибина со Македонското научно здружение за аутизам. Од септември на наша територија, во соработка со „Гаспар” центарот, функционира и дневен центар за бесплатни индивидуални логопедски и психолошки третмани, кој е првиот лиценциран на територија на Кисела Вода – наведе Ѓорѓиевски.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro