Јас сум препознаен во јавноста како човек кој што не трпи толеранција за дивоградби и во изминатите четири години покажав дека секаде имаме постапување. Понекогаш тоа зависи од повисоките инстанци, како што е случајот со магацинот за градежни материјали на „Првомајска“, вели актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски за состојбата со дивоградбите во неговата општина.
Според Ѓорѓиевски, предметот за магацинот е во фаза на жалба и вели дека не може да постапи се додека не добијат судска одлука.
-Кога ќе издадете решение за отстранување на див објект, во перспектива тој не може ниту да се легализира ниту да добие одобрение за градба. Тоа е чекорот кој треба сите да го преземат. Во однос на состојбите во Чаир, оваа држава има систем и институции кои треба да постапуваат секаде. Треба и во Бутел, Центар, не само во Чаир. Пред законот нема повластени, додаде првиот човек на Општина Кисела Вода по средбата со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.
Градоначалникот потенцира дека дивоградбите не може да влезат во ДУП ниту во ГУП.
The post Ѓорѓиевски: Познат сум во јавноста како човек кој не трпи толеранција за дивоградби appeared first on Локално.