Почеток МАКЕДОНИЈА Ѓорѓиевски: Потегот на Белград за да ни отстапи автобуси е добар

Ѓорѓиевски: Потегот на Белград за да ни отстапи автобуси е добар

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски го оценува како добар потегот на Белград, кој според најавите, ќе отстапи автобуси „Соларис“ на Скопје, но смета дека од друга страна тоа говори за несериозниот пристап на градоначалниката на Скопје и неможноста таа да се справи со предизвиците.

– Во Скопје има бројни проблеми, еден од најголемите и крупен проблем е поврзан со градскиот превоз. Една голгота што нашите граѓани ја трпат повеќе од две и пол – три години откако Арсовска е на чело на Град Скопје и сметам дека таа треба да има посериозен пристап во надминувањето на проблемот. Ова е добар потег на градот Белград што сака да подаде рака кога гледа дека град Скопје е во тотален хаос, но тоа говори за несериозниот пристап на градоначалничката и неможноста да се справи со она што значи предизвик и решавање на проблемите со градскиот превоз, изјави Ѓорѓиевски.

Центарот за локална самоуправа (ЦЛС) соопшти дека, според извори од Градското сообраќајно претпријатие и порталот Е-капија, Белград планира да ги отстапи автобусите Соларис на Скопје и другите градови во Македонија.

Текстот Ѓорѓиевски: Потегот на Белград за да ни отстапи автобуси е добар е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro