Почеток СПОРТ Ѕвездата на Тотенхем: Постекоглу е легенда која вечно ќе се памети!

Ѕвездата на Тотенхем: Постекоглу е легенда која вечно ќе се памети!

Гол мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Корејскиот репрезентативец од редовите на Тотенхем, Хеунг Мин Сон, со суперлативи зборуваше за веќе поранешниот тренер Анге Постекоглу, изјавувајќи дека тој е вистинска легенда на клубот. 

Стратегот успеа да ја донесе титулата во Лига Европа, но доби отказ поради очајните резултати во Премиер лигата. Неговиот доскорешен капитен смета дека тренерот оставил силен белег во историјата и го нарече „легенда која вечно ќе се памети“

„Тренеру, ти го промени патувањето на овој клуб. Веруваше во себе и во нас од првиот ден кога пристигна. Не се поколеба ниту за секунда, дури и кога сите беа песимисти. Од самиот старт знаеше дека сме способни и квалитетни за успех. Работеше на свој уникатен начин и тоа не остана незабележано. 

Овие спомени ќе ги паметам до крајот на животот, ти си вистинска легенда која вечно ќе се памети. Овој клуб доби европски трофеј благодарение на тебе, а ние се трудевме максимално да ги одработиме твоите задачи“, напиша Сон. 

Австралиецот со грчко потекло пред само неколку дена доби отказ од управата, а новиот тренер на Тотенхем треба да биде соопштен деновиве.  

www.gol.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остави коментар

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro