Почеток СВЕТ Ѕвоната на катедралата Нотр Дам се огласија првпат по пожарот во 2019.

Ѕвоната на катедралата Нотр Дам се огласија првпат по пожарот во 2019.

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Осумте ѕвона на катедралата Нотр Дам во Париз денеска заѕвонија по повеќе од пет години од пожарот кој сериозно ја оштети зградата, јавува агенцијата Франс прес.

Малку пред 10.30 часот, ѕвоната кои ги покренува мотор одекнувале едно по друго додека заедно не постигнале хармоничен звук, јавуваат медиумите.

„Ова е прекрасна сцена, важна и симболична, сите ѕвона ѕвонат заедно за прв пат по пожарот“, рече Филип Јост, кој ја предводи јавната институција задолжена за реставрација на катедралата.

По завршувањето на реставрацијата, катедралата треба да биде отворена на 7 декември.

Раководителот на работата на поставувањето на ѕвоното рече дека сè уште не е сè совршено, но дека првиот тест поминал добро и дека се ќе биде доведено до совршенство.

Реставрацијата на камбаната е дополнителна етапа во заживувањето на една од најголемите катедрали на Римокатоличката црква, регистрирана како светско наследство на УНЕСКО и еден од најпосетуваните споменици во Европа.

За време на пожарот на 15 април 2019 година, северниот дел од катедралата мораше да биде обновен, а за да се направи тоа, осумте ѕвона во кулата мораше внимателно да се отстранат, исчистат и обноват.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro