Почеток СВЕТ Јаделе храна со пестицид за убивање стаорци: Шест деца во Јужна Африка починаа од труење

Јаделе храна со пестицид за убивање стаорци: Шест деца во Јужна Африка починаа од труење

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Јужноафриканскиот министер за здравство, Арон Мокоаледи, соопшти дека токсиколошките анализи покажале оти шест деца кои починаа во Јужна Африка претходно овој месец, проголтале пестицид.

Според Мокоаледи, врз основа на досегашните сознанија, децата јаделе храна од локална неформална продавница каде се користел пестицид за убивање стаорци, кој им се продавал и на жителите за истатата намена.

Локалните медиуми објавија дека децата починале откако јаделе грицки купени во неформална продавница, т.н. спаза шоп, во градот Совето во близина на Јоханесбург.

The post Јаделе храна со пестицид за убивање стаорци: Шест деца во Јужна Африка починаа од труење appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro