Јапонија забележа трговски дефицит од речиси 13 милијарди евра во првите шест месеци од оваа година, како последица на високите царини за извоз воведени од Соединетите Американски Држави, објави Владата во Токио.
Според официјалната статистика на Токио. Јапонскиот извоз се намали за 0,5 проценти во споредба со истиот период минатата година, бидејќи беа воведени царини од 25 проценти за извоз на возила и други производи.
Американскиот претседател Доналд Трамп го одложи воведувањето на уште повисоки царини до 1 август за да преговара со официјалните лица, но сè уште не е постигнат договор.
Извозот на Јапонија падна два месеци по ред, додека увозот се зголеми за 0,2 проценти во јуни, објави Министерството за финансии.
Трговскиот дефицит во мај изнесуваше околу 3,8 милијарди евра, објави Еуроњуз.
Извозот во САД беше намален за 11 проценти во јуни, а извозот во Кина, исто така, се намали за околу пет проценти.
Јапонија и САД се во трговски разговори, а официјалните лица велат дека Токио е клучен сојузник на Вашингтон.
Јапонија увезува повеќе од 300.000 тони ориз од САД годишно.