Почеток СПОРТ Ја остави бремената сопруга и синот, а за алиментација нуди 500 евра

Ја остави бремената сопруга и синот, а за алиментација нуди 500 евра

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Португалскиот интернационалец, Жоао Палиња, минатото лето направи голем трансфер, се пресели од Фулам во Баерн (М), а во Минхен стана милионер со месечна плата од милион евра.

Сепак, засега овој играч од средниот ред не покажува дека е засилување. За германскиот гигант одигра само шест натпревари и на теренот мина 154 минути.

Палиња моментално е окупирана со семејни проблеми. Во септември, тој потпиша документи за развод од Патриша Палхарес, со која се ожени во 2021 година.

Португалецот реши да ги остави бремената сопруга и двегодишниот син, но она што го направи потоа наиде на остра осуда од јавноста.

Играчот од средниот ред заработува по еден милион евра месечно според договорот со Баерн (М), но за алиментација е подготвен да одвои само 500 евра.

Во изјава за „Флеш“, извор близок до Патриша истакнува дека сите во семејството се шокирани од начинот на кој португалскиот репрезентативец се однесувал кон поранешната сопруга и двегодишното дете.

„Сите останавме во шок бидејќи човек кој заработува речиси милион евра понуди само 500 евра за издржување на својот син“, откри изворот и додава:

“Ова е навистина патетично, особено кога се знае дека мајката сè уште не знае кога ќе се врати на работа. Верувам дека секој родител сака неговото дете да биде финансиски обезбедено”, вели извор и заклучува:

„Јас лично познавам родители кои плаќаат дури и повисоки цифри од тоа што тој го понудил, а не заработуваат ни 1 процент од неговата плата“.

Ако сето ова е навистина точно, ова е неверојатен и срамен потег на ѕвездата на Баерн, која поради таквото однесување се соочи со бројни осуди од јавноста.

„Какви срања“, е еден од коментарите, додека друг љубител на фудбалот додава: „Себичен. Не му е гајле за детето“.

Има и такви кои веруваат дека ова е всушност обична лага бидејќи Жоао и Патриша сè уште не се изјасниле на оваа тема, па постои одреден сомнеж.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro